Пол Пирс го забележа својот втор трипл-дабл во последниве 2 недели, помогнувајки им на Селтикс да ги победат Денвер Нагетс со 118-114 во трилер од три продолженија. Ова беше седма победа во низа за Бостон, а исто така ставија крај на серијата од 9 победи по ред на Денвер.
Пирс речиси го израмни личниот рекорд за најмногу одиграни минути (54), постигнувајки 27 поени, 14 скока и 14 асистенции. Џејсон Тери имаше одлични 26 поени од клупата за резерви, плус победничката тројка во третото продолжение. Кевин Гарнет истотака беше феноменален со 20 поени 18 скока и 6 асистенции за 47 минути поминат на паркетот. Тие 47 минути се најмногу што ги одиграл Гарнет во дресот на Селтикс.
Кај гостите најдобар беше Тај Лосон кој буквално самиот го одржуваше во живот тимот на Денвер а натпреварот го заврши со 29 постигнати поени на кои додаде 6 скока и 9 асистенции.
Ова беше 9ти натпревар со продолженија кој го одиграа Селтикс оваа сезона, со што го израмнија клубскиот рекорд.
Најубаво погледнете го видеото и видете што всушност се случуваше на синоќешниот натпревар.
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


