| четврток, 6 декември 2018 |

Грент Хил го одбра Перо Антиќ

Легендите на НБА-лигата, Крис Вебер и Грент Хил, ќе ги предводат составите на дебитантите на олстар-натпреварот на 14 февруари, во кој ќе настапи нашиот репрезентативец Перо Антиќ.

Перо Антиќ ќе настапи во тимот кој ќе го предводи Хил, а покрај него ќе бидат уште и Демијан Лилард (Портланд), Херисон Барнс (Голден Стејт), Теренс Џонс (Хјустон), Дион Вејтерс (Кливленд), Јанис Антетокумпо (Милвоки), Јонас Валанчиунас (Торонто) и Бредли Бил (Вашингтон).

Овој состав ќе му се спротивстави на тимот на Крис Вебер, во чии редови ќе настапат Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Кели Олиник (Бостон), Мејсон Пламли (Бруклин), Тим Хардавеј Јуниор (Њујорк), Стивен Адамс (Оклахома), Џаред Салинџер (Бостон), Виктор Оладипо (Орландо), Мајкл Картер Вилијамс (Филаделфија) и Треј Бурк (Јута).

До 14 февруари ќе може да се гласа за почетните петорки на двата тима. Олстар-викендот, како што е познато, се игра од 14 до 16 февруари во Њу Орлеанс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top