За да имате повеќе енергија во текот на денот, треба да усвоите пет здрави навики, кои ќе ги зголемат шансите за поздрав и посреќен живот.
1. Испијте топла вода со лимон – Препорака на сите лекари е да го почнете денот со чаша вода. Ако малку ја загреете водата и во неа додадете малку лимон, ќе го активирате системот за варење и ќе знаете дека првата одлука тој ден била насочена на вашето здравје.
2. Протегнете се – истрчајте круг околу зградата или каква било физичка активност што е по ваш вкус. Ако на телото наутро му овозможите загревање, тоа е вистински начин да го почнете денот – да му дадете на телото енергија, да го ослободите стресот и да ја „исчистите“ главата од непотребни мисли.
3. Медитирајте – Одредете ритам на денот седејќи во мир барем две минути. Ќе се изненадите колку далеку можат да ве однесат среќните мисли… Ако одлучите да медитирате или само да седите во мир, ќе го подобрите расположението и ќе имате насмевка на лицето.
4. Направете попис на обврски – На почетокот на секоја недела земете лист хартија и запишете ги своите обврски кои ве очекуваат и кои реално можете да ги завршите до крајот на неделата. Почнете со најважните работи. Ваквиот начин на управување со денот ќе ви даде време за конкретен увид во сите обврски и така ќе го избегнете стресот и постојаната напнатост дали можеби нешто сте заборавиле.
5. Појадувајте – Тука нема што да се размислува, гладни не можете да давате добри резултати на работа, ниту пак ќе бидете најдобри соговорници. Направете си услуга и почнете го денот со појадок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.