| четврток, 6 декември 2018 |

Почнуваат Зимските олимписки игри во Сочи, најскапите во историјата

sochi 1

Зим­ски­те олим­пи­ски игри (ЗОИ) што почнуваат денеска, 7 февруари, по­втор­но ќе ги спо­јат нај­до­бри­те ат­ле­ти на пла­не­та­та, а и овој пат тре­ба да по­ка­жат де­ка се по­сил­ни од си­те свет­ски проб­ле­ми.

Игрите во Со­чи има­ат не­о­че­ку­ва­на пре­ди­гра и поч­наа со но­ва и ти­вка сту­де­на вој­на ме­ѓу го­лем­ци­те Ру­си­ја, ко­ја е до­ма­ќин, и Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви. По­тре­си­те пред по­че­то­кот на зим­ски­от спе­ктакл, за­ка­жан за пер­и­о­дот од 7 до 23 фе­вру­а­ри, ја пре­диз­ви­каа ед­на од нај­бол­ни­те точ­ки во мо­дер­на­та до­ба – без­бед­но­ста.

Ру­си­ја ка­ко до­ма­ќин го од­бра би­се­рот на Цр­но Мо­ре – Со­чи и ус­пеа да ја до­бие до­вер­ба­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от олим­пи­ски ко­ми­тет и шан­са да ги ор­га­ни­зи­ра два­е­сет и вто­ри­те ЗОИ.

Нај­дол­ги­от град во Евро­па, рас­пос­лан на 145 ки­ло­ме­три дол­жи­на, со пре­крас­ни пеј­за­жи, ста­на уште по­у­бав, а очиг­лед­но е де­ка Ру­си­те се по­гри­жи­ле за сѐ да по­ми­не во нај­до­бар ред. Проб­ле­ми со без­бед­но­ста во­оп­што ќе не­ма би­деј­ќи нај­а­ви­ја де­ка ни­ту му­ва не­ма да пре­ле­та над Со­чи во пер­и­о­дот од 17 де­на ко­га во 98 дис­цип­ли­ни во 15 спор­та ќе се кр­шат коп­ја­та за до­бар плас­ман, за пре­стиж и за ме­дал.

sochi 2

Ар­ми­ја од 50 ил­ја­ди лу­ѓе ќе ги обез­бе­ду­ва­ат Игри­те, а огром­ни­от тим е со­ста­вен од по­ли­цај­ци и од вој­ни­ци. Тие ќе се гри­жат за ми­рот и спо­ко­јот на спор­ти­сти­те, по­се­ти­те­ли­те и на сим­па­ти­зе­ри­те на зим­ски­те спор­то­ви од 7 до 23 фе­вру­а­ри.

Де­ка не е сѐ та­ка ро­зо­во, иа­ко се вло­же­ни мно­гу труд и ин­ве­сти­ции во це­ли­от про­ект „ЗОИ во Со­чи 2014“, по­твр­ди воз­не­ми­ру­вач­ка­та ин­фор­ма­ци­ја за ин­фил­три­ра­ње при­пад­нич­ки на те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции во гра­дот не­по­сред­но пред по­че­то­кот на Игри­те. Ста­ну­ва збор за цр­ни вдо­ви­ци, мош­не опас­ни и ор­га­ни­зи­ра­ни же­ни-са­мо­у­биј­ци кои се дел од ис­ла­ми­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја.

Се вклу­чи алар­мот кај Аме­ри­кан­ци­те, се­пак ќе не­ма ре­при­за на бој­ко­тот од Мос­ква 1980

sochi 3

Таа ин­фор­ма­ци­ја го вклу­чи алар­мот кај Аме­ри­кан­ци­те, кои се осо­бе­но осет­ли­ви ко­га ста­ну­ва збор за од­но­си­те со Ру­си­ја. Ре­ги­о­нот око­лу Со­чи е опа­сен од без­бед­но­сен ас­пект, а најм­но­гу се стра­ву­ва од об­ла­ста Аб­ха­зи­ја, ко­ја ѝ при­па­ѓа на Гру­зи­ја. Та­му во 1992 го­ди­на из­був­на вој­на, а пос­ле­ди­ци­те се чув­ству­ва­ат и де­нес.

Аме­ри­кан­ци­те вед­наш ре­а­ги­раа, а нај­ек­стрем­ни­те ба­ра­ња се да не се учес­тву­ва на два­е­сет и вто­ри­те ЗОИ во Со­чи. Мо­жен ли е нов бој­кот на ед­на од две­те го­ле­ми си­ли, кои оди­граа не­ре­ше­но на ште­та на свет­ски­от спорт во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Аме­ри­кан­ци­те и нив­ни­те со­јуз­ни­ци од­би­ја да учес­тву­ва­ат на ЛОИ во Мос­ква во 1980 го­ди­на, а воз­вра­ти­ја Ру­си­те че­ти­ри го­ди­ни по­доц­на со бој­кот во Лос Ан­џе­лес. Овој пат, ка­ко што ве­лат струч­ња­ци­те, те­шко де­ка ќе се слу­чи не­што та­кво и тол­ку дра­стич­но ка­ко бој­ко­тот од пред три де­це­нии, но ти­вка сту­де­на вој­на ме­ѓу две­те ве­ле­си­ли по­стои.

– Спор­тот ќе го згас­не пла­ме­нот што тлее и си­гур­но не­ма да се за­па­ли. Ако ме пра­шу­ва­те ме­не, јас би одел во Со­чи, и тоа со мо­е­то се­мејс­тво, но ве­лам де­ка си­те мо­ра да би­дат вни­ма­тел­ни. Мож­но е овие Игри да би­дат нај­о­пас­ни­те до­се­га. Ова го ве­лам са­мо за да се вни­ма­ва по­ве­ќе, а не за да ги зап­ла­шам лу­ѓе­то. Тоа е цел­та на те­ро­ри­стич­ки­те одре­ди и гру­пи, да нѐ зап­ла­шат, и со тоа да ја ос­тва­рат цел­та, да се чув­ству­ва­ат ка­ко по­бед­ни­ци. Ве­ру­вам де­ка не­ма да го доз­во­ли­ме тоа – ве­ли по­ра­неш­ни­от за­ме­ник-ди­ре­ктор во ЦИА, Мајкл Мо­рел.

Мал­ку бе­ше чуд­на ини­ци­ја­ти­ва­та на ра­ко­водс­тво­то на НХЛ да ја пре­ис­пи­та од­лу­ка­та за на­стап на нај­до­бри­те хо­ке­а­ри на тур­ни­рот ако има вло­шу­ва­ње на со­стој­ба­та. Си­гур­но де­ка при евен­ту­а­лен те­ро­ри­стич­ки атак и оста­на­ти­те фе­де­ра­ции и зем­ји не би доз­во­ли­ле учес­тво на нив­ни­те спор­ти­сти. Ру­си­те уве­ру­ва­ат де­ка не­ма при­чи­ни за гри­жа и де­ка овие Игри ќе би­дат нај­до­бро­ор­га­ни­зи­ра­ни­те Игри во исто­ри­ја­та.

– На­ша за­да­ча е да обез­бе­ди­ме си­гу­рен пре­стој и ма­кси­мал­на без­бед­ност за си­те учес­ни­ци и по­се­ти­те­ли во Со­чи за да има­ме мож­ност да сле­ди­ме зим­ски фе­сти­вал од спор­то­ви и би­де­те си­гур­ни де­ка ќе сто­ри­ме сѐ за Игри­те да ми­нат во нај­до­бар ред – из­ја­ви ру­ски­от пре­тсе­да­тел Вла­ди­мир Пу­тин.

sochi 6

За та­кво не­што Ру­си­те има­ат мно­гу ар­гу­мен­ти, кои ги при­ло­жи­ја и во вид на не­ве­ро­јат­но до­бри­от нов изг­лед на Со­чи. Гра­дот изг­ле­да пре­крас­но, што е и ло­гич­но ако се знае кол­ку е вло­же­но во из­град­ба на спорт­ски бо­ри­ли­шта, зим­ски па­те­ки, ин­фра­стру­кту­ра, сме­сту­вач­ки ка­па­ци­те­ти и слич­но.

Ру­си­ја не ште­де­ше па­ри за ЗОИ, по­тро­ши мно­гу, на­пра­ви уште по­ве­ќе

Ру­си­ја не ште­де­ше па­ри за да се по­ка­же ка­ко до­бар до­ма­ќин на ЗОИ, па се­вкуп­но, спо­ред нај­но­ви­те по­да­то­ци, се по­тро­ше­ни око­лу 3,7 ми­ли­јар­ди евра за це­ли­от про­ект. Во Со­чи ќе се ужи­ва во зим­ски­те спор­то­ви во фе­вру­а­ри на Олим­пи­ски­те игри, но и по­доц­на во воз­бу­ду­ва­ња­та од но­ви­от цик­лус на Фор­му­ла 1, а пла­ни­ра­но е та­му да се игра­ат и нат­пре­ва­ри од Свет­ско­то пр­венс­тво во фуд­бал, чиј до­ма­ќин е Ру­си­ја во 2018 го­ди­на.

sochi 4

Гро­то од нат­пре­ва­ри­те во алп­ски­те и во нор­ди­ски­те дис­цип­ли­ни ќе се одр­жат во ски­јач­ки­от ре­сор­тот Ро­за Ху­тор на та­ка­на­ре­че­на­та Крас­на­ја Пол­ја­на.

За спор­то­ви­те на мраз, ме­ѓу кои е и атра­ктив­ни­от тур­нир во хо­кеј, се под­го­тве­ни аре­ни­те „Бољ­шој“ и „Ајс­берг“, а впе­чат­ли­во име – „Гор­ки“ – има комп­ле­ксот ско­кал­ни­ци ка­де што ќе се одр­жат нат­пре­ва­ри­те во ски-ско­ко­ви.

На Игри­те во Ру­си­ја ќе учес­тву­ва­ат ре­корд­ни 101 зем­ја со по­ве­ќе од 2.500 учес­ни­ци, ме­ѓу кои најм­но­гу­број­ни се Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви со 230 спор­ти­сти, зад нив е до­ма­ќи­нот Ру­си­ја со 225 учес­ни­ци, па сле­ду­ва­ат Ка­на­да со 222 и ги­ган­ти­те во зим­ски спор­то­ви – Швај­ца­ри­ја со 168 кан­ди­да­ти за ме­да­ли, Гер­ма­ни­ја со 152 чле­на и Ав­стри­ја, чи­ја спорт­ска екс­пе­ди­ци­ја брои 130 спор­ти­сти.

Нај­поз­на­та спор­тис­тка ме­ѓу отсут­ни­те во Со­чи, и тоа по­ра­ди по­вре­да, е аме­ри­кан­ска­та шам­пи­он­ка во алп­ски дис­цип­ли­ни Лин­ѕи Вон. Кра­ли­ца­та на зим­ски­те па­те­ки, се­пак, ќе би­де при­сут­на на Игри­те, но ка­ко ко­мен­та­тор-ана­ли­ти­чар за „Ен-Би-Cи“.

Ма­ке­до­ни­ја др­жи ри­там, ќе се прет­ста­ви на ЗОИ со трој­ца спор­ти­сти

makedonski olimpijci

Ма­ке­до­ни­ја, иа­ко не­ма кој знае ка­ква тра­ди­ци­ја во зим­ски­те спор­то­ви, ќе има свои прет­став­ни­ци на Игри­те во Со­чи, и тоа трој­ца. Ан­то­нио Ри­стев­ски ќе учес­тву­ва во две алп­ски дис­цип­ли­ни – во сла­лом и во ве­лес­ла­лом, а Ма­ри­ја Ко­ла­ро­ска и Дар­ко Дам­ја­нов­ски ќе учес­тву­ва­ат во нор­ди­ски­те дис­цип­ли­ни. Ма­ри­ја е при­ја­ве­на за тр­ка­та на 10 ки­ло­ме­три кла­си­чен стил, а Дам­ја­нов­ски ќе учес­тву­ва во иста­та дис­цип­ли­на, но на дел­ни­ца од 15 ки­ло­ме­три и во ма­шки спринт. Знаменосец ќе биде најискусниот, Дамјановски.

Kолароска настапува на 13 февруари, Дамјановски во трката на 15 километри класично, на 14 февруари и на 50 км, на 23 февруари. Ристевски настапува во велеслалом на 19-ти и во слаломот на 22 февруари.

Во македонската експедиција се и тренерите Иван Лесевски (алпско скијање) и Ѓоко Динески (нордиско), како и потпретседателот на Скијачката федерација на Македонија Владо Пановски, генералниот секретар на МОК Сашо Поповски, лекарот на тимот д-р Зоран Ханџиски. Од МОK ќе присуствуваат и директорот Владимир Богоевски и претседателот Васил Тупурковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top