Планираниот лет на претседателот Ѓорге Иванов за Сочи утрово беше откажано поради сериозен дефект на авионот кој бил регистриран во последен момент пред полетување.
Според информациите на „Република“ од извори од Управата за цивилна и воздушна пловидба, пред полетувањето сите процедури биле поминати и авионот бил подготвен за тргнување, но при стартувањето на леталото пилотите слушнале брмчење кое доаѓало од моторите. Тие веднаш го откажале летот, а авионот од пистата бил испратен на вонреден технички преглед. По проверката на моторите, ќе се знае точната причини за дефектот.
Истите извори за „Република“ тврдат дека авионот претходно бил редовно сервисиран и немал никакви технички проблеми.
Претходно, од кабинетот на претседателот потврдија дека Иванов не отпатувал за Сочи поради дефект на авионот, но дека ќе го продолжи предвидениот пат за Москва со редовна линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.