Босанската полиција употреби солзавец за да ги разбие демонстраните кои учестуваа во работничките протести во Тузла. Учесниците во протестот фрлаа камења кон зградата на Владата на тузланскиот кантон.
Како што јавија локалните медиуми, по инцидентот најмалку 13 лица побарале медицинска помош во некоја од здравствените установи во овој град во северниот дел на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Протестите во Тузла почнаа вчера кога приближно 1.000 незадоволни работници од поранешните индустриски гиганти, поддржани од повеќе граѓани, го блокираа судот и обвинителството во градот.
При вчерашниот обид на демонстрантите да упаднат во зградата на кантоналната Влада дојде до судир со полицијата, при што беа повредени околу 20 демонстранти, петмина полицајци и еден новинар, а беа приведени 22 лица за прекршување на јавниот ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Цела полиција беше на нозе во Скопје: Со солзавец и шок бомби ги растераа демонстрантите
-
По петочната молитва, муслиманските верници тргнаа во одбрана на Ерусалим (видео)