| четврток, 6 декември 2018 |

Боб Марли: Како се сака жена

Реге легендата и неговото мислење за љубовта.

Можеби нема да ѝ бидеш прв, последен или единствен. Сакала пред тебе и можеби ќе сака и по тебе. Но, ако те сака сега, зар е нешто друго важно? Таа не е совршена – но, не сте ни вие.

И двајцата може никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако таа може да те насмее и да те натера да се замислиш двапати, признава дека е човек и дека греши, држи се до неа и давај ѝ најмногу што можеш. Можеби нема да мисли на тебе во секоја секунда од денот, но ќе ти даде дел од себе за кој знае дека може да се скрши – нејзиното срце.

Затоа немој да ја повредиш, немој да ја менуваш, не анализирај ја и не очекувај повеќе од тоа што може да ти даде. Смеј се кога те прави среќен, дај ѝ до знаење кога те излудува и нека ти недостига кога не е во близина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top