Музичкиот магазин „Ен-Ем-И“ песната „Smell like teen spirit“ на „Нирвана“ ја прогласи за најдобра песна на сите времиња.
Магазинот објави листа од 500 најдобри песни, а меѓу првите пет се најдоа „Love will tear us apart“ од „Џој дивижн“, „I fell love“ од Дона Самер, „How soon is now“ – „Д Смитс“ и „Last nite“ од групата „Д Строукс“.
„Smell Like Teen Spirit“ е една од последните песни напишани од Нирвана за албумот „Nevermind“, кој излезе во 1991 година.
На водачот на Нирвана, Курт Кобејн, оваа песна брзо му се смачила, а тоа не го криел.
Во октомври 2013 година истиот магазин „The Queen Is Dead“ од „Д Смитс“ го прогласи за најдобар албум на сите времиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.