Сценаристот Тимоти Патрик Мекланахан го тужеше холивудскиот актер Том Круз и авторите на филмот „Невозможна мисија – Протокол фантом“, како и компанијата „Парамаунт пикчрс“ и други продукциски куќи, поради евентуално крадење на неговото сценарио.
Мекланахан тврди дека филмот е работен според неговото сценарио за „Хед он“ од 1998 година и по судски пат бара една милијарда долари.
Судските документи покажуваат дека Мекланахан прво, своето сценарио ѝ го испратил на компанијата „Вилијам Морис ејџенси“, која го одбила. На крај текстот е испратен во куќта „Креатив артист ејџенси“, чијшто клиент е актерот Круз.
Мекланахан тврди дека веднаш го препознал своето сценарио по гледањето на филмот, кој само на киноблагајните низ светот заработи околу 700 милиони долари.
Новиот петти дел на мегапопуларното продолжение во кината би требало да дојде во декември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.