Изнајмувањето стан во Лондон е толку скапо што еден млад професионалец нуди разработена поевтина шема – да се живее во Барселона, Шпанија, а секојдневно да се оди на работа во Лондон, Велика Британија.
Сем Кукни вели дека неверојатното решение е поекономично – да се живее на сонцевиот брег на Шпанија на преку 700 милји подалеку.
Тајната е во комбинацијата на евтините наеми и патување, како и недостигот од даноци во шпанскиот град.
– Го одбрав Западен Хампстед, познат како област каде што се сугерира дека младите професионалци можат да си дозволат да живеат. Исто така, го одбрав и делот во Барселона кој е убав и безбеден, областа Лес Кортс, односно фер споредба со Западен Хампстед – додава Кукни.
Тој потоа открил дека авионскиот билет го чини 29 фунти дневно со компанија со евтини летови. Така, ја претставува својата математика.
Трошоците за живот – месечна споредба
ЛОНДОН :
Еднокреветен стан во Западен Хампстед – 1505 фунти
Општински данок – 75 фунти
Билет за градските зони 1 и 2 – 116,60 фунти
ВКУПНО: 1697 фунти месечно.
БАРСЕЛОНА:
Трокреветен стан – 580 фунти
Општински данок – 0 фунти
Билети за летање со „Рајанер“ и користење метро – 778 фунти
ВКУПНО: 1358 фунти месечно
Така, со тоа што 30-годишниот бизнисмен Кукни го нуди на младите е живот во Шпанија, а работа во Лондон, на неговите клиенти им остануваат околу 340 заштедени фунти месечно, пишуваат британските весници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.