Целосно изгоре горниот кат од конфекцијата „Колор Д“ од Кочани утрово околу 8 часот и 40 минути.
Пожарот избувнал додека работела првата смена во одделот за готови конфекциски единици на „Колор Д“, која е сместена во зградата на компанијата „Тигар метал“.
Изгорен е и горниот кат на конфекцијата, 56 машини и два тони конфекциски материјал, како и над 2.000 парчиња готови конфекциски единици кои денес требало да бидат наменети за извоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.