На хроничните пациенти ќе им бидат потребни само по еден упат годишно од матичниот лекар, со што ќе се намали притисокот кај нив, а пациентите нема да бараат ретроградно издавање упат за итни случаи. Ова се измените во услугата „Мој термин“. Упатот за кој веќе има електронски запис во системот по автоматизам ќе биде прифатен и поврзан со пресметката и останатите обврски на установата од повисоко ниво.
По ново, контролните прегледи ќе ги закажува специјалист или супспецијалист кај кого се врши прегледот, односно упатот кој е издаден од матичниот лекар при првиот преглед ќе продолжи да важи до завршувањето на лекувањето, но најмногу една година. Ова најчесто ќе се користи кај пациентите со хронични заболувања со што автоматски и при првата посета кај специјалист или супспецијалист за нив ќе се обезбеди термин за контрола.
Министерството за здравство за шест месеци издало 270.000 упати за веќе завршени прегледи за кои е побарано од пациентите да одат кај матичните лекари да го заверат.
Бројот на зафатени термини за јануари изнесува 337.562, во декември биле реализирани 324.041, а во ноември 336.223. За февруари се креирани 389.113 слободни термини, за разлика од јануари кога биле креирани 398.754, а во декември 412.312 прегледи. Опаѓањето велат се должи на земањето годишни одмори на дел од докторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Која е вашата слабост според хороскопот: Лавот не знае да каже „не“, Рибите измислуваат болести…
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев