Главна тема кај унгарските медиуми е патешествието на таткото на Даниел, Павле Кајмакоски. Имено, Павле, кој долги години изведува македонска музика, мораше да допатува во Македонија поради своите музички активности, пренесува tvpaket.com.mk.
-Неговиот автомобил бил украден во Виена ноќта пред да тргне за Скопје. Истрауматизираниот пејач го пријавил случајот кај австриските власти кои го информирале дека неговиот автомобил е во движење. Веднаш потоа тие добиле информација дека возилото кое било управувано од крадците удрило во пешачко островце во Унгарија, при што бандата крадци веднаш се уапсени. „Фоксвагенот“ е украден од банда која претходно е барана од австриската полиција за други злодела – пишува tvpaket.
Кајмакоски морал да допатува во Скопје со автобус, а веста за неговиот автомобил осамна на сите насловни страници во Унгарија бидејќи благодарение на оваа немила случка, беа фатени големите криминалци кои подолго време успеваат да ѝ избегаат на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.