| четврток, 6 декември 2018 |

Украдениот автомобил на таткото на Даниел на насловните страници во Унгарија (ФОТО)

Главна тема кај унгарските медиуми е патешествието на таткото на Даниел, Павле Кајмакоски. Имено, Павле, кој долги години изведува македонска музика, мораше да допатува во Македонија поради своите музички активности, пренесува tvpaket.com.mk.

-Неговиот автомобил бил украден во Виена ноќта пред да тргне за Скопје. Истрауматизираниот пејач го пријавил случајот кај австриските власти кои го информирале дека неговиот автомобил е во движење. Веднаш потоа тие добиле информација дека возилото кое било управувано од крадците удрило во пешачко островце во Унгарија, при што бандата крадци веднаш се уапсени. „Фоксвагенот“ е украден од банда која претходно е барана од австриската полиција за други злодела – пишува tvpaket.

5458438_6e7f4b460720adf545ebf6ae2e418766_wm

Кајмакоски морал да допатува во Скопје со автобус, а веста за неговиот автомобил осамна на сите насловни страници во Унгарија бидејќи благодарение на оваа немила случка, беа фатени големите криминалци кои подолго време успеваат да ѝ избегаат на полицијата.

ferenciek_tere_2

5458440_f3edb41d225b6cdd688abf323108a12d_wm

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top