Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “, СВР Охрид против лицето Д.Ф. (58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поднесе кривична пријава.
Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид, бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и заменување на оштетена брава со нова, во стан во населбата „Расадник“. Тоа го направил постапувајќи по предмет по барање од доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија против должникот АДГ „Трудбеник“.
Такви извршни дејствија, пријавениот извршител планирал да преземе и во три други станови во зграда 1 во населбата „Расадник“ иако уредно бил запознаен дека за сите четири станови, Основниот суд во Охрид донел решение за времена мерка на доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија, за забрана на преземање на натамошни дејствија за проценка, отуѓување и продажба на четирите стана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прва кривична пријава за поткуп на гласови за референдумот
-
Кривична против две негувателки од штипска градинка за запуштање на дете
-
Извршителката што наплатила 200 евра за долг од 1 денар ќе бара решение за ситуацијата
-
Финансиската полиција поднесе кривична пријава за Паско Кузман за градбите на Плаошник