Повеќето медиуми денеска ја ископираа веста за тоа дека судијката од „Икс-фактор“, Емина Јаховиќ-Сандал, синоќа ја копирала турската актерка која кај нас е најпозната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“. Како тоа да не беше доволно, па продолжија и написите од сличен тип, според кои Емина ја копирала фризурата од македонската пејачка.
Стилистот и долгогодишен соработник на Елена Ристеска, Даниел Николовски, сподели фотографија на која ги споредува фризурите на пејачката и на Емина Јаховиќ.
– Каква случајност – пишува стилистот.
Веста за сличната фризура на пејачките и не беше толку интересна, сѐ додека не пристигна и коментарот на стилистот Сергеј Варошлија.
Тој истакна дека таа фризура е негова идеја од 2009 година.
По краткото расправање меѓу Ристеска и Варошлија, свој придонес даде и Боки 13.
Шоуменот, кој до неодамна се судеше со пејачката, не штедеше на навредите кон неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.