Министерсвото за култура на општина Виница и одобри 12 проекти што ќе бидат реализирани годинава, во вкупна вредност од 400 илјади денари. На Музејот на град Виница „Теракота“ му се одобрени проектите „Музејска ноќ“, конзервација на предмети од керамика од археолошкиот локалитет Коколов Рид, конзервација на предмети од метал од истиот локалитет, како и археолошки истражувања во општината.
Покрај овие проекти, со средства од општина Виница Музејот „Теракота“ ќе реализира и неколку изложби.
– Како Дом на културата „Тошо Арсов“, во годишната програма на Министерството за култура ни се поддржани шест проекти од кои: работата на октетот „Серенада“ работата на мандолинскиот камерен квинетет, одржувањето на фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“, реализација на претставата „Лажесот“ со Аматeрскиот театар, како и изложба на ликовниот уметник Владимир Темков, изјави Славко Данев, директор на Домот на културата во Виница.
Стојко Митковски, раководител на Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање информира дека годинава им се поддржани проектите кои се однесуваат на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, како и учество на ансамблот на изворна народна музика и ора на фестивал во Чешка.
Општина Виница како организатор на фестивалот „Истибањско здравоживо“ и годинава ќе учествува со финансиски средства во неговата реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.