По спроведената акциска контрола во која учествувале полициски службеници и вработени во УЈП, вчера во Гостивар изготвени биле покани за наплата на глоби на 11 физички лица кои пушеле во затворен простор.
Според информациите на СВР Тетово, акцијата се одвивала во период три часа, вчера попладне и со неа биле опфатени угостителски објекти по најпрометните улици низ градот.
Прекршителите ќе се соочат со глоби во висина од 150 евра, додека за правните лица кде биле затекнати, предвидени се глоби од 2.000 до 4.500 евра во денарска противредност.
Сопствениците на локалите претходно биле писмено известени дека го нарушуваат законот и биле опоменати да ги почитуваат обврските. Во последната акциска контрола биле забележани и други нерегуларности, за што УЈП ќе изготви посебни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.