Македонскиот амбасадор во Приштина, Илија Страшевски остварил средба со косовскиот министер за инфраструктура,Фехми Мујота, на која го информирал за инфраструктурните проекти кои се во тек на Косово, а посебно за потребата за изградба на автопатот Приштина-Скопје, кој, како што оценил е од посебно значење за Косово и за Македонија.
Мујота побарал од Страшевски да ја пренесе пораката во неговата земја за понатамошно продолжување на соработката меѓу двете земји, посебно во областа на патниот транспорт на стоки и патници.
– Очекуваме продолжување на интензивна активност во тој правец со цел што поскоро да се реализира потпишувањето на договорот за транспорт на стоки и патници меѓу Косово и Македонија- изјавил Мујота.
На средбата било нагласено дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина во областите кои се под надлежност на Министертвото за инфраструктура.
Амбасадорот Страшевски, неодамна оствари средби со министерот за внатрешни работи Бајрам Реџепи, на која беше нагласена одличната соработка меѓу владите на двете земји и искажана подготвеност за продолжување и проширување на соработката во разни области од взаемен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.