Скопското кино „Милениум“ најавува две премиери од четврток, 6. февруари. Во попладневниот термин следува филмот „ЛЕГО“ во 3Д продукција, анимиран филм, за кој гласовите ги позајмија Вил Арент, Елизабет бенкс, Крег Бери, Вил Фарел, Морган Фриман, Џона Хил, а режијата е на Фил Лорд и Кристофер Милер.
Во главниот, вечерен термин е премиерата на римејкот на една многу популарна телевизиска серија од минатото – „Робокап“, во форма на долгометражен филм. Главните улоги ги толкуваат: Џоел Кинаман, Мајкл Китон, Аби Корниш, Семуел Л. Џексон, а режијата е на Џозе Падила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.