Фондот „Градиме мостови“ кој нуди грантови за општините, училиштата, учениците, наставниците и родителите за заеднички активности меѓу различните етнички заедници за унапедување на интергираното образование ќе биде промовиран денеска во Скопје.
Фондот е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
По тој повод на промоцијата ќе се обратат министерот за образование и наука Спиро Ристовски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет и амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.