| четврток, 6 декември 2018 |

„Градиме мостови“ – за унапредување на интегрираното образование

ucenici

Фондот „Градиме мостови“ кој нуди грантови за општините, училиштата, учениците, наставниците и родителите за заеднички активности меѓу различните етнички заедници за унапедување на интергираното образование ќе биде промовиран денеска во Скопје.

Фондот е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

По тој повод на промоцијата ќе се обратат министерот за образование и наука Спиро Ристовски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет и амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top