Вкупната трговска размена на Македонија со странство минатата година изнесувала 10,86 милијарди долари, од кои 4,26 милијарди долари е извоз, а 6,59 милијарди долари се увоз. Покриеноста на увозот со извозот е 64,7 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 2,33 милијарди американски долари.
Македонија лани најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и со Италија. Педесет проценти од вкупната размена отпаѓа на овие земји.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, производи од железо и челик (валани производи), облека и преработки од нафта, а најмногу се увезувале нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина и легури на платина, необработени или во прав, електрична енергија и моторни возила за превоз на лица.
Лани, 72,6 проценти од вкупниот извоз бил во земјите од ЕУ и во државите од Западен Балкан 17,6 отсто. И во увозот најголем дел отпаѓа на ЕУ (62,6 отсто).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



