| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската музика на саем во Кан

Македонската музика од 1 до 4 февруари во Кан, Франција, беше претставена на 48. по ред саем на музика во светот – МИДЕМ. Станува збор за најстариот, најголемиот и најзначајниот саем на музика во светот, кој оваа година го посетија 6.500 гости од 3.000 водечки музички компании од 75 држави од целиот свет.

Нашата држава се појави со сопствен штанд под уставното име Македонија. Интересен е податокот дека за време на саемот македонскиот штанд го посетиле неколку илјади гости и со себе понеле примероци од луксузниот музички промотивен материјал специјално изготвен за оваа пригода, а домаќинот на македонскиот павилјон и носител на штандот, Иво Јанкоски од „Трето уво“, оствари и многубројни средби со водечките музички куќи од целиот свет.

– За нашата музика годинава посебен интерес покажаа далечните земји, како Малезија, Тајван, Јапонија, Бразил и др. Македонската музика ја промовиравме со каталог во печатенa форма, како и дивиди и цеде во електронска форма: каде што се претставени моментално најзначајните „извозни музички брендови“, компании, фестивали и институции од македонската музичка сцена. Промотивното дивиди и цеде содржат информации и контакти, како и музика од моментално најпопуларните музички ѕвезди од различни жанрови: поп, рок, етно, џез, рап, хипхоп итн. – вели Јанкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top