| четврток, 6 декември 2018 |

Ентони Тејта: Припадниците на ОНА во Арачиново во 2001 година дојдоа во ситуација да напаѓаат по улиците на Скопје

ентони тејта

Герилците од Арачиново беа извлечени откако немаше знаци дека македонската армија напредува, а припадниците на ОНА, чии резерви на муниција почнаа да се намалуваат, дојдоа во ситуација да почнат да напаѓаат со мали групи по улиците на Скопје или да преговараат.

Ова го изјави Ентони Тејта, поранешен генерал, во интервју за весникот „Дневник“. Тој раководеше со операцијата на извлекувањето на групата од Арачиново со автобусите.

Тој во интервјуто вели дека таквите напади требало да ги изведуваат мали герилски групи од три до пет лица, при што не се знаеше дали цели ќе бидат цивили или објекти.

Македонските власти тогаш инсистираа дека за неколку дена македонските сили можат да влезат во Арачиново.

– Нашето разузнавање не ни го велеше тоа што го велеше вашиот премиер. Ние имавме сознанија дека бунтовниците ги држат своите позиции. Немаше индикации дека македонската армија напредува против одбранбените позиции на ОНА. Дури ние самите моравме да пробиеме некои од барикадите поставени од ОНА за да излеземе од другата страна, беа недопрени. ОНА ги одбиваше тактиките на македонската армија, барем според нашите информации. Но, со намалените резерви на муниција, беа во ситуација или да мора да нападнат или да преговараат и да постигнат договор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top