Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди источните делови на Индонезија, но засега не е објавена опасност од можна појава на цунами.
Потресот бил со епицентар од 318 километри источно од Дили, главниот град на Источен Тимор, на длабочина од 18 километри под морското дно, соопшти Американскиот геолошки институт.
Се проценува дека, најверојатно, нема да биде причинета поголема штета.
Земјотрес со ист интензитет го погоди индонезискиот остров Јава во јануари и притоа беа оштетени десетина згради.
Во јули минатата година во земјотрес со интензитет од 6,1 степени што ја погоди Суматра, загинаа најмалку 35 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.