| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија одбележува 142 години од раѓањето на Гоце Делчев

goce delcev

Панихида по повод 142 години од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде одржана денеска  во црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер и идеолог.

Како што најави Меѓународна манифестација „Гоцеви денови“, панихидата ќе ја одржат свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ќе настапи мешаниот градски хор „Вардар“, а цвеќе пред саркофагот на Гоце ќе положат делегации на државни и локални институции, општини и здруженија на граѓани.

Цвеќе ќе биде положено и пред спомениците на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top