
Панихида по повод 142 години од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде одржана денеска во црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер и идеолог.
Како што најави Меѓународна манифестација „Гоцеви денови“, панихидата ќе ја одржат свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ќе настапи мешаниот градски хор „Вардар“, а цвеќе пред саркофагот на Гоце ќе положат делегации на државни и локални институции, општини и здруженија на граѓани.
Цвеќе ќе биде положено и пред спомениците на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.
Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.
Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Одбележани 115 години од смртта на Делчев: Владина делегација положи цвеќе на гробот на великанот
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Бурниот љубовен живот на Гоце Делчев – писмо од неговата тајна вереничка


