Вооружен маж утрово влегол во едно средно училиште во предградие на Москва и од огнено оружје убил полицаец, а за заложници зел 20 ученици, јави ИТАР-ТАСС.
– Напаѓачот е татко на едно од децата што го посетуваат училиштето – изјави портпаролот на руското МВР.
По информацијата за напаѓачот, во училиштето пристигнале полицајци, но тој отворил оган врз нив и убил еден полицаец.
Очевидец изjави дека на местото можеле да се слушнат полициски хеликоптери како го надлетуваат училиштето. Кон училиштето тргнал и рускиот министер за внатрешни работи, Владимир Колоколцев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.