Извршителите и годинава ќе продолжат да тропаат на вратите на должниците, но не само за да им земаат пари, туку и да ги потсетат дека се должни. Со измени на Законот за извршување, кои се во подготовка, треба да се воведе вонсудска наплата на долгот, преку која должниците ќе добијат шанса да платат без дополнителни камати, тарифи за нотари и извршители и други давачки, пишува „Вечер“.
– Измените на Законот се во подготовка, мислам дека веќе се доставени до Владата и сѐ уште не може да се каже дали за ова извршителите ќе наплатуваат или не, но преку вонсудската наплата должникот ќе има можност да не ги плати дополнителните давачки како во случајот со присилната наплата. По налог на доверителите ние ќе ги известуваме должниците, а тие во определен рок ќе треба да си го намират долгот. Во спротивно, случајот ќе оди на нотар и ќе се спроведе вообичаената постапка за наплата – вели Станковиќ, кој објаснува дека ова е во полза и на доверителите кои побрзо ќе си ги земат парите.
Друга новина е давање надлежност на извршителите да прибираат материјални докази. Станковиќ сликовито објаснува дека ако, на пример, некој го поплави комшијата, наместо да пријавува во суд и да чека подолго време надлежните службеници да направат записник, ќе може да повика извршител, кој за кратко време ќе ги собере сите материјални докази, ќе ја согледа состојбата, ќе фотографира, па потоа предметот ќе може да се предаде во суд. Според Станковиќ, на овој начин работата побрзо се завршува зашто извршителите се помобилни. И оваа надлежност ја имаат извршителите во европските земји, а во Холандија, на пример, собираат материјални докази и при помали сообраќајки наместо полицијата.
– Во Европа има тренд сѐ што е неспорно да се решава вонсудски. Некаде и спогодбените разводи одат преку нотар – вели тој.
Се очекуваат измени и во делот за продажба на запленетите недвижнини. Се оди на тоа наместо три, да има две лицитации, а на втората наместо за една третина, цената на недвижнината да се намали за една четвртина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Без вода жителите на улица „Козле“
-
Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол в понеделник без вода
-
Скината цевка на улица Варшавска, без вода улиците Хелсинки и Нобелова
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството