Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, застои и ограничувања, по наместа влажни коловози. Поради ниската температура можни се подмрзнувања на коловозот, информираат од АМСМ.
Поради појава на магла намалена е видливоста до 100 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.