| четврток, 6 декември 2018 |

Алтернативни лекови за рак

Cancer_definitionКанцерот или болеста Рак се уште е мистерија за медицината и претставува болест го голем процент на смртност. Затоа, додека конвенционалната медицина бара решение за неа, луѓето се потпираат и налекои за кои нема потврда дека имаат стопостотен успех во лекувањето на оваа болест.

Меѓу лекови за кои се вели дека помагаат во надминување на оваа канцерот има и неколку попознати, иако нема показатели за кои видови на канцер се работи или во која фаза на болеста делуваат.

1. Сода бикарбона –Една мала лажица сода бикарбона и сок од органски лимон измешано со 250 милилитри вода, неколку пати на ден успешно ќе ја намали киселоста во организмот. Канцерогените клетки не можат да растат во алкална средина.

2. Sanguinaria Canadensis (крвавче) – Ова е повеќегодишна билка која во себе содржи алкалоид наречен Sanguinarin. Има својство да ги уништи канцерогените клетки, и не ги уништува здравите клетки. Може да се употребува орално и надворешно како лек против кожни и други видови облици на рак.

3. Чага– Ова е лековита габа чие дејство со години се проучува. Се покажало дека таа има својство да го менува имунолошкиот систем и дека има антиканцерогени својства.

4. Витамин Д – Витамин Д во крвта и негово балансирање може да помогне при превенција од канцерогени заболувања и како помош во борбата против ракот. Во студија од 2006 година истакнато е дека мали количини на витамин Д е поврзано со намалена стапка на преживување на заболените од рак, особено кај пациенти кои се во постменопаузен период.

5. Чајна напивка од Essiac – Оргиналната мешавина на чајот е стар рецепт на Индијанските домородци кои го користеле во минатотот. Една канадска медицинска сестра од нив го дознала рецептот за чај и почнала да го дели на пациентите кои се бореле со ракот, по што пациентите почнале неверојатно брзо да се опоравуваат. Чајот е комбинација од неколку антиканцерогени растенија и растенија кои го чистат телото, а тоа е се што му е потребно на пациентот болен од рак. Се што треба да направи е да го консумира неколку пати на ден.

6. Масло од ленено семе и младо нецедено сирење – Доктор Џоана Будвиг од Германија, биохемичарка и лекар, е жената која го смислила природниот начин на лечење на ракот со стапка од 90 проценти на излекување, метод кој го практикувала педесет години. Комбинацијата на маслото и младото сирење му дава на организмот есенцијални масни киселини и липопротеини кои го редуцираат туморот и го обновуваат балансот на организмот.

7. Масло од канабис- Cannabis sativa subsp. sativa var. Indica – Канабиноидите во маслото од канабис ги убиваат канцерогените клетки. Исто како и другите растителни препарати не ги уништуваат здравите клетки. Постојат голем број на студии кои потврдиле колку е важно маслото од канабис во процесот на лечење на многу видови рак вклучувајќи го и ракот на дојка.

8. Јод – 85 проценти од луѓето од светската популација имаат премалку јод во организмот. Поради ова се зголемува количината и производството на естрогени во организмот, па поради тоа мораме често да ја проверуваме количината на јод во крвта.

9. Мелатонин – Мелатонинот е моќен инхибитор на создавање на канцерогени клетки. Всушност лабораториските студии покажале дека мелатонинот „ги успива“ канцерогените клетки на дојката и го намалува нивниот раст за 70 проценти. Мелатонинот исто така го спречува негативното делување на естрогенот кој го внесуваме преку исхраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top