| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмаер: Мораме да најдеме заеднички точки со Русија

Munich Security CenferenceЗападниот свет не е во состојба да ги реши најважните меѓународни проблеми без Русија, но и Москва не треба да се откажува од трагањето по заеднички точки со западните партнери, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Френк Балтер Штајнмаер на Минхенската конференција за безбедност.

-Мораме да најдеме заеднички точки со Русија за да можеме поконструктивно да ја развиваме нашата соработка. Само со помош на Русија можеме да го решиме иранскиот проблем, како и проблемот околу уништувањето на хемиското оружје во Сирија. Европската политика против Русија нема иднина. Но и Москва мора да дефинира кои се заедничките точки со Европа или барем да ги формулира- нагласува Штајнмаер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top