| четврток, 6 декември 2018 |

Париз: Илјадници на протест против предмет во училиште

Demonstrators protest in Paris against the French governmentНеколку десетици илјади французи поддржувачи на конзервативното движење „Протест за секого“ се собраа во Париз на демонстрации против воведување на предметот „Полова еднаквост“ во училиштата и заради овозможување на Инвитро третманите за раѓање за лезбејските парови. Движењето претходно се противеше на легализацијата на истополовите бракови во Франција.

За демонстрантите, оваа иницијатива со предметот во училиште е обид за „перење на децките мозоци“ од природните разлики меѓу мажите и жените, момчињата и девојчињата.
– Државата нема што да бара кога е во прашање на така приватни работи како што се сексуалниот идентитет или да им ја наметнува на најмладите преокупацијата на возрасните- велат од движењето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top