| четврток, 6 декември 2018 |

Кастратовиќ: Очекував брза игра на Турингер, бевме подготвени за такво нешто

vardar-thuringer-3Вардарки во втората фаза во Лигата на шампионките славеа над германскиот првак Турингер со 31-25. Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ по натпреварот не го криеше своето задоволство од крајниот исход на средбата.

– Одиграме добар, квалитетен натпревар. Задоволна сум од победата, бидејќи ова ни беше прва победа во оваа втора фаза, а првиот натпревар секогаше е и најтежок. Очекував брза игра на Турингер, бевме подготвени за такво нешто, но направиме непотребно многу технички грешки. Но, во понатамошните дуели, сигурно ќе играме се поквалитетно и поквалитетно – истакна Кастратовиќ.

И гостинскиот тренер Херфид Милер, кој е брат на првиот тренер, кој пак, поради казна од ЕХФ, не беше на клупата, го призна поразот во Скопје.

– За првпат сме во Скопје и би сакал да изразам благодарност за гостопримството кое ни беше укажано. Вечерва игравме со една од двете моментно најдобри екипи во ЛШ, која заслужува да игра на завршниот фајнлфор. Почнавме добро, но потоа правевме многу брзоплети грешки како во нападот така и во одбраната и заслужено загубивме. На Вардар му ја честитам победата – рече Хелфрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top