
ДОМ тврди дека зголемената енергетска ефикасност значи подобар квалитет на живот и пониски сметки за струја за граѓаните, а истовремено отворање нови зелени работни места и помалку потрошена енергија за државата. ДОМ изразува задоволство од фактот што Владата активно работи на зголемување на енергетската ефикасност, особено поради тоа што ова беше еден од прифатените приоритети за заедничкиот коалициски настап во 2011.
Затоа ДОМ, како зелена партија, фокусирана на одржливиот развој, ја охрабрува Владата да ги интензивира активностите во енергетската ефикасност.
– Свесни за слабата економска моќ на населението како главна пречка за да преземат сопствена иницијатива за обновување и изолација на своите домови, предлагаме Владата да обезбеди субвенции за физички и правни лица (во индивидуални домови и во заедници на станари) за постигнување енергетска ефикасност. Постапката за издавање енергетски пасош да биде ефтина и достапна за сите, а вкупните трошоци да не бидат повеќе од 20 проценти од минималната плата во Република Македонија. Агенцијата за енергетика во најкус рок да избере фирми што ќе вршат обуки за енергетски контролори – велат од ДОМ.
Од ДОМ уште предлатаат Владата преку надлежните институции да започне процес на обука и воведување образовна програма за градежни работници специјализирани за градба на енергетски ефикасни објекти или изолација на веќе постоечки објекти – со цел да се зголеми конкуренцијата на пазарот, а цените на градежните активности да се намалат, но воедно да се обезбеди и долгорочна одржливост во квалитетот на градбите, нивно санирање по извесен временски рок итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


