
Французин е добитник на главната премија од над 72 милион евра на европската лотарија „Евро Милиони“, соопшти француската лотарија ФДЈ. Среќниот добитник освоил вкупно 72.149.679 евра и има рок од 60 дена да ја подигне наградата.
Ова е вторпат овој месец главната премија на оваа европско лото да се падне во Франција.
Лотото „Евро Милиони“ започна во 2004 година и тоа се игра во девет европски земји – Австрија, Белгија, Велика Британија, Ирска, Луксембирг, Португалија, Франција, Швајцарија и Шпанија.
Рекордната добивака на оваа лотарија од 190 милион евра ја освои брачна двојка од Велика Британија во август 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!


