| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Австрија од снежни лавини

cistenje-na-sneg-sKorea

Ситуацијата во источен Тирол и во Корушка каде наврнал повеќе од метар нов снег е малку подобро во саботата, но и натаму останува на сила највисоката опасност од можни снежни лавини во Корушка, пренесува австриската новинска агенција АРА.

Припадниците на зимската служба од цела Австрија во Тирол и во Корушка ги расчистуваат патиштата кои беа затрупани со снежните лавини, а од саботата полека започнува да се воспоставува железничкиот сообраќај кој беше во прекин. Во борбата против последиците на снежното невреме во саботата се вклучени и припадниците на австриската армија.

Во Корушка три илјади домаќинства останаа без снабдување со електрична енергија, но според информациите од тамошното електростопанство ситуацијата почнала да се нормализира.

Метеоролозите предвидуваат дека до недела во Австрија ќе наврнат уште нови 20 до 50 сантиметри снег.

Во јужниот дел од Австрија две лица ги загубија животите, едно додека управувало со мало возило за чистење снег, а другото паднало во река во најтешкото невреме коешто ја погоди оваа земја последните 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top