| четврток, 6 декември 2018 |

Катастарот и нотарите ќе работат електронски

katastar

Завршува сликата на полни ходниици во Катастарот. Од понеделник се воведуваат електронски постапки. Додека работат на предметот, скопските нотари ќе ја имаат на увид моменталната состојба во катастарот. Барањата ќе ги доставуваат со електронски потпис и времен жиг.

Системот е направен да биде од страна на kатастарот безбеден, сигурен, исто така секој документ е електронски потпишан, изјави Славче Трпески, dиректор на Aгенцијата за катастар на недвижности на Македонија.
Од нотарската комора тврдат: секое постапување ќе биде лесно проверливо, а одговорноста за правната сигурност ќе биде на нотарите.

Сега ќе може да се следи точно кој нотар кој документ го изготвил.

Малверзациите беа подостапни, почести кога самите граѓани ги носеа документите. Токму тоа ќе биде придобивката на овој систем, исклучиво нотарот ќе може да ги достави документите, вели Зорица Пулејкова, претседател на Нотарската комора на Македонија.

Во Скопје има 64 нотари и сите се подготвени за електронско работење. За 90 дена се очекува да се вклучат сите нотари во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top