| четврток, 6 декември 2018 |

Оклахома продолжува со доминацијата

Осум натпревари беа одиграни синоќа во НБА лигата, а најголемата вест е дека серијата на Кевин Дурант во која постигнуваше преку 30 поени е прекината.

Најдобриот играч на Оклахома Сити беше најзаслужен за убедливата победа над Бруклин Нетс со постигнати 26 поени, а одличен беше и Серж Ибака кој покрај 25 поени имаше и девет скока. На другата страна најефикасен беше Шон Ливингстон со 16 поени. Со победата од 95-120 Оклахома дојде до 10. последователна победа и моментално се најдобриот тим во лигата.

Натпревар на ноќта имаше и бекот на Голден Стејт Стеф Кари кој ги предводеше Вориорс во победата над Јута Џез со резултат 90-95. Кари постигна 44 поени со осум постигнати тројки.

Орландо серијата од три порази по ред синоќа ја прекина со победа над слабиот Милвоки. Најефикасен за домашниот тим беше Ерон Афало со постигнати 21 поен.

Резултати:

Орландо – Милвоки 113-102,
Филаделфија – Атланта 99-125,
Бруклин – Оклахома 95-120,
Минесота – Мемфис 90-94,
Далас – Сакраменто 107-103,
Денвер – Торонто 90-100,
ЛА Лејкерс – Шарлот 100-110,
Јута – Голден Стејт 90-95

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top