Роџер Федерер најави победа на Швајцарија во дуелот со Србија во Дејвис купот откако со 3-0 во сетови го совлада Илија Бозољац. Најтрофејниот тенисер на сите времиња сметајќи ги титулите од гранслем-турнирите, немаше тешка задача да ја прокнижи очекуваната победа.
Србија е ослабена и игра без Новак Ѓоковиќ, кој се пожали на замор и без Јанко Типсаревиќ и Виктор Троицки. И во вториот сингл денеска во Нови Сад, Швајцарците се фаворити, а голем адут им е шампионот од Австралија, Станислас Вавринка, кој ќе ги одмери силите со Душан Лајовиќ.
Утре се игра мечот во двојки, а задутре е завршниот ден од мечот во првото коло во Светската група, со уште два дуела поединечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.