| четврток, 6 декември 2018 |

Шест тајни на долговечноста и здрав живот

Мали промени се доволни за поздрав живот, а со тоа и поквалитетен и подолг. Треба да се биде поумерен во исхраната, исто така вреден и позитивен, се советите на некогаш најстариот човек на светот, Американецот Волтер Бренинг, кој починал на 114-годишна возраст.

Ова се советите кон кои тој целиот свој живот се придржувал:

1. Умереност на маса

– Јадете двапати дневно. Добро појадувајте, а ручекот нека биде нешто што навистина сакате да го јадете. Прескокнате ја вечерата. Луѓето не треба да живеат само за да јадат, туку да јадат за да живеат.

2. Хранете се здраво

– Иако сакате по некој нездрав производ, предност дајте му на овошјето, без разлика дали е сезонско или тропско. Корисните и здрави производи, но и дисциплинираниот пристап кон исхраната ќе ви овозможи да живеете без лекови и да се
чувствувате добро.

3. Бидете љубезни

– Негативниот животен став, неактивноста и досадувањето долгорочно гледано влијаат на здравјето. Затоа бидете љубезни.

4. Дружете се

– Разговарајте со луѓето. Дружете се. Тоа ќе овозможи да се чувствувате убаво и прифатено. Многу е важно и човекот да не биде сам и осамен, бидејќи таквата состојба може да остави трајни последици на психофизичкото здравје.

5. Активирајте го мозокот

– Читајте повеќе, слушајте радио, решавајте крстозборки… Активирајте го мозокот со било што, гледајте филмови, плетете. Ако му дозволите на мозокот да „талка“, тој ќе почне да работи се полошо.

6. Не се штедете на работа

– Работете колку што можете. Тешката и напорна работа нема да ве убие, туку ќе ве зајакне, ќе ве направи посреќни и ќе имате поштедлив однос кон парите. Заштедата ќе ви даде чувство на сигурност во поглед на иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top