| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца „јастреби“ на олстар-викендот, Милсеп му се приклучи на Антиќ

Перо Антиќ ќе има добро друштво на олстар-викендот во Њу Орлеанс, а покрај сите ѕвезди во НБА-лигата, на спектаклот од 14 до 16 февруари со него ќе биде и вториот „јастреб“ – Пол Милсеп. Крилниот центар на Атланта хоукс е избран меѓу резервите од источната конференција и ќе игра на главниот меч на 16 февруари.

Претходно и Антиќ ја доби довербата од помошник-тренерите во најсилната кошаркарска лига, а македонскиот ас ќе настапи на премиерата на 14 февруари на таканаречениот „Рајзинг старс челенџ“. Тоа е дуел меѓу дебитантите и популарните сомфори или кошаркари што втора сезона играат во НБА-лигата.

За олстар-натпреварот, што има централно место на викендот на сите ѕвезди, стартните петорки ги избраа симпатизерите на НБА по пат на гласање, а резервите ги одредија тренерите. Во тимот на западот ќе има една измена во стартната петорка поради повредата на Коби Брајант. Кој ќе го почне мечот место него, ќе одлучи новиот комесар на НБА-лигата, Адам Силва.

Еве ги составите за двата дуели.

Олстар-натпревар:

Источна конференција, стартна петорка: Кајри Ирвинг, Двејн Вејд, Леброн Џејмс, Пол Џорџ и Кармело Ентони.

Резерви: Пол Милсеп, Крис Бош, Рој Хиберт, Демар де Розен, Џо Џонсон, Џон Вол и Жоаким Ноа.

Тренер: Френк Вогел

Западна конференција, стартна петорка: Стефон Кари, Коби Брајант (избран е, но нема да игра поради повреда), Кевин Дурент, Кевин Лав и Блејк Грифин.

Резерви: Дирк Новицки, Тони Паркер, Крис Пол, Ламаркус Олдриџ, Двајт Хауард, Џејмс Харден, Демјен Лилард,

Тренер: Скот Брукс.

Рајзинг старс челенџ:

Дебитанти: АНТИЌ (Атланта хоукс), Пламли (Бруклин нетс), Антетокунпо (Милвоки бакс), Бурк (Јута џез), Картер-Вилијамс (Филаделфија сиксерс), Хардавеј Јуниор (Њујорк никс), Оладипо (Орландо меџик), Олиник (Бостон селтикс), Адамс (Оклахома).

Сомфори: Барнс (Голден стејт вориорс), Бил (Вашингтон визардс), Дејвис (Њу Орлеанс пеликанс), Драмонд (Детроит пистонс), Џонс (Хјустон рокитс), Лилард (Портланд трејлблејзерс), Салинџер (Бостон селтикс), Валанчиунас (Торонто репторс), Вејтерс (Кливленд кавалирс).

Тренери на тимовите: Шек и Чак, или Шекил О`Нил против Чарлс Баркли.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top