Од 6 февруари публиката ќе може да го погледне хорор-филмот „Детето на злото“ според сценариото на Линдзи Девлин и Зои Грин, во режија на Мет Бетинели Олпин и Тајлер Џилет, а главните улоги ги толкуваат Зак Гилфор, Алисон Милер и Роберт Белуши.
Дејството на филмот ја следи вљубената брачна двојка Зак и Саманта, кои по големата венчавка во црква заминуваат на тропски меден месец со големи планови за иднината. Меѓутоа, плановите се комплицираат во оној момент кога на патувањето ќе се загубат и Саманта неочекувано ќе остане бремена. Наспроти тоа, тие продолжуваат да ја слават својата љубов бележејќи ги сите моменти со видеокамера. Набргу вознемирувачки случувања ќе почнат да укажуваат на тоа дека бебето што го носи Саманта е олицетворение на вистинското зло.
МЦФ во текот на февруари ги најавува филмовите: „Вампирска академија“ од 13 февруари, „Операција: чувари на наследството“ од 13 февруари и „Амазонија“ од 27 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура