| четврток, 6 декември 2018 |

Силвија Стојановска: Среќата не доаѓа сама

Ка­ко и пред 23 го­ди­ни, Сил­ви­ја Сто­ја­нов­ска го тол­ку­ва ли­кот на Ни­на, во но­ва­та по­ста­вка на прет­ста­ва­та „Чи­ја си“. Тоа бе­ше по­вод за ин­терв­ју во „Ре­пуб­ли­ка“ ка­де што раз­го­ва­рав­ме за прет­ста­ва­та, за Скоп­је, за ма­а­ла­та, за тоа ка­ко е рас­теш ка­ко ќер­ка на Ацо Јо­ва­нов­ски и со­пру­га на Не­над Сто­ја­нов­ски

Silvija stojanovska (1)

Сил­ви­ја Сто­ја­нов­ска пред 23 го­ди­ни ја глу­ме­ше Ни­на во култ­на­та прет­ста­ва „Чи­ја си“ на ма­ке­дон­ски­от дра­ма­тург Са­шко На­сев, а лу­ѓе­то од те­а­та­рот са­ка­ат да ка­жат де­ка тоа бе­ше пр­ва­та ма­ке­дон­ска прет­ста­ва на Драм­ски од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Точ­но 23 го­ди­ни по­доц­на, Сто­ја­нов­ска го глу­ми исти­от лик во иста­та прет­ста­ва, ко­ја до­жи­ву­ва ри­мејк во Драм­ски те­а­тар. Тоа бе­ше прет­ста­ва што се из­ве­де 183 па­ти на сце­на­та, се­ко­гаш пред пол­на са­ла, и за­ед­но со „Грев или шпри­цер“ и „Со­лун­ски па­тр­дии“ се ед­ни од нај­и­гра­ни­те прет­ста­ви во те­а­та­рот во скоп­ска­та на­сел­ба Кар­пош 2. За чув­ство­то ка­ко е да се би­де Ни­на се­га и то­гаш, за тоа ка­ко се­га ја до­жи­ву­ва „Чи­ја си“, за Скоп­је, за ма­а­ла­та во гра­дот и за сре­ќа­та ка­ко чо­веч­ка ка­те­го­ри­ја раз­го­ва­рав­ме со Сил­ви­ја во неј­зи­ни­от дом. Не­из­беж­но бе­ше и пра­ша­ње­то за неј­зи­ни­от та­тко Ацо Јо­ва­нов­ски и ка­ко е да се рас­те по­крај та­ков чо­век, и за неј­зи­ни­от пре­ра­но по­чи­нат со­пруг Не­над Сто­ја­нов­ски, еден од бар­до­ви­те на ма­ке­дон­ско­то глу­ми­ште.

Сил­ви­ја е поз­на­та те­а­тар­ска, филм­ска и те­ле­ви­зи­ска актер­ка. Поз­на­та е по сво­и­те уло­ги во те­ле­ви­зи­ска­та се­ри­ја „Ко­ме­ди­јан­ти“, „По­греш­но вре­ме“, по­тоа во „Цр­ве­ни­от коњ“, „За­ми­ну­ва­ње­то од Пас­кве­ли­ја“, „Пред дож­дот“, „Тре­та до­ба“, „Ка­ко убив све­тец“, а за уло­га­та на На­та­ша во прет­ста­ва­та „Ка­ра­ма­зо­ви“ е до­бит­ник на спе­ци­јал­на­та на­гра­да за млад актер на те­а­тар­ски­те игри „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“ во При­леп. Не се за­бо­ра­ва неј­зи­но­то ос­тва­ру­ва­ње во „Вре­ме на ле­та­ла“, ка­ко и во прет­ста­ва­та „Грев или шпри­цер“ во Драм­ски те­а­тар, по­крај „Чи­ја си“. Во пр­ва­та по­ста­вка на оваа прет­ста­ва ре­жи­сер бе­ше се­га ве­ќе по­чи­на­ти­от Ди­ми­тар Стан­ков­ски, кој на­пра­ви ма­е­страл­но де­ло од тек­стот на Са­шко На­сев, а ре­жи­сер на вто­ра­та из­вед­ба, ко­ја има­ше пре­ми­е­ра не­о­дам­на, е Љуп­чо Ѓор­ѓи­ев­ски.

Оваа прет­ста­ва е дел од за­лож­ба­та на Драм­ски те­а­тар за ожи­ву­ва­ње на не­ко­гаш­ни­те хит-прет­ста­ви. Да­ли сме­та­те де­ка со овој по­тег ќе се прив­ле­че и пом­ла­да пуб­ли­ка, или прет­ста­ва­та ќе ја гле­да­ат са­мо по­во­зрас­ни­те?

СТОЈАНОВСКА: „Чи­ја си“ не е обид за за­жи­ву­ва­ње на по­ра­неш­ни­те култ­ни прет­ста­ви во Драм­ски те­а­тар и тоа го наг­ла­си и ди­ре­кто­рот Ро­берт Вел­ја­нов­ски пред пре­ми­е­ра­та на прет­ста­ва­та, ту­ку ре­а­ли­за­ци­ја на про­гра­ма­та на по­ра­неш­ни­от ди­ре­ктор Бран­ко Ѓор­чев, кој, за жал, пре­ра­но по­чи­на. Вел­ја­нов­ски, ед­но­став­но, са­ка­ше да се ре­а­ли­зи­ра про­гра­ма­та што ја има­ше пред­ви­де­но Ѓор­чев. А за тоа да­ли оваа из­вед­ба на „Чи­ја си“ ќе прив­ле­че и но­ва пуб­ли­ка, оста­ну­ва да ви­ди­ме. Се сог­ла­су­вам де­ка по­во­зрас­на­та пуб­ли­ка, ко­ја ве­ќе ја гле­да­ла пр­ва­та по­ста­вка на „Чи­ја си“, до­а­ѓа на овие прет­ста­ви во Драм­ски те­а­тар да ја ви­ди и оваа из­вед­ба, но искре­но ве­ру­вам де­ка ќе прив­ле­че и но­ва пуб­ли­ка. Драм­ски отсе­ко­гаш имал мла­да пуб­ли­ка, ко­ја по­тоа, ка­ко што рас­те и со­зре­ва, до­а­ѓа на си­те на­ши прет­ста­ви.

Ста­ра­та по­ста­вка на то­гаш­на­та култ­на „Чи­ја си има­ше 183 из­вед­би, се­ко­гаш се игра­ше пред пол­на са­ла и се ба­ра­ше би­лет по­ве­ќе. Кол­ку и да зву­чи неб­ла­го­дар­но, мо­же ли оваа „Чи­ја си“ да го по­вто­ри ус­пе­хот на пр­ва­та прет­ста­ва?

СТОЈАНОВСКА: Пр­ва­та „Чи­ја си“ по 183 из­вед­би, ед­но­став­но, бе­ше пре­ки­на­та, од­нос­но сим­на­та од ре­пер­то­а­рот. Ако про­дол­жев­ме да ја игра­ме, ве­ру­вам де­ка ќе има­ше уште мно­гу из­вед­би. За вто­ра­та прет­ста­ва твр­дам де­ка ќе ја над­ми­не и пр­ва­та. Игра иста­та еки­па, си­те сме по­во­зрас­ни и по­и­скус­ни и лич­но сме­там де­ка за­ед­но со пре­крас­ни­от чо­век и иск­лу­чи­те­лен про­фе­си­о­на­лец, ре­жи­се­рот Љуп­чо Ѓор­ги­ев­ски, соз­да­дов­ме прет­ста­ва што ќе ја над­ми­не­ме пр­ва­та из­вед­ба.

Silvija stojanovska (2)

Се­га сте 23 го­ди­ни по­во­зрас­ни од пр­ва­та пре­ми­е­ра на „Чи­ја си“. Ка­ко од оваа ди­стан­ца Ви се чи­ни прет­ста­ва­та?

СТОЈАНОВСКА: Ли­кот на Ни­на, кој го играв и то­гаш и се­га, е та­ка на­пи­шан, што да­ва мож­но­сти за раз­лич­но тол­ку­ва­ње. На се­кое пре­про­чи­ту­ва­ње на тек­стот, се на­о­ѓа не­што но­во, кое мо­же да се из­ве­де. Се­га, 23 го­ди­ни по­доц­на, сме­там де­ка имам по­ве­ќе искус­тво зад се­бе за да мо­жам по­и­на­ку да го из­гра­дам ли­кот на Ни­на.

По 23 го­ди­ни, мо­же ли да ка­же­те де­ка не­што се про­ме­ни­ло во ма­ал­ски­от жи­вот во Скоп­је? Има­те ли чув­ство де­ка овие ма­а­ла за кои пи­шу­ва Са­шко На­сев во сво­и­те прет­ста­ви ве­ќе не по­сто­јат и де­ка не­што дру­го му се слу­чу­ва на гра­дот?

СТОЈАНОВСКА: Скоп­је рас­те, се раз­ви­ва и се ши­ри и тоа е еден нор­ма­лен про­цес. Ко­га јас бев де­те, рас­тев во Цр­ни­че, то­гаш по­сто­е­ја ма­а­ла, ка­ко Де­бар ма­а­ло, на при­мер. Во вре­ме­то на мо­и­те ро­ди­те­ли, на при­мер, по­сто­е­ле дру­ги ма­а­ла – Пај­ко ма­а­ло, Евреј­ско ма­а­ло Ма­џир ма­а­ло… По зем­јо­тре­сот, се из­гра­ди­ја но­ви на­сел­би во кои освен скоп­ја­ни, се на­се­ли­ја и жи­те­ли од дру­ги ме­ста, бро­јот на жи­те­ли во гра­дот се зго­ле­мувa, па та­ка има­те ае­ро­дром­ци, цен­тар­ци, лу­ѓе од Кар­пош, од Ѓо­че Пе­тров… Ин­те­рес­но е тоа што во Ѓор­че Пе­тров, на­сел­ба­та ка­де што е сме­сте­но дејс­тво­то на прет­ста­ва­та, ни­ко­гаш не жи­ве­е­ле мно­гу скоп­ја­ни, ту­ку дој­ден­ци од дру­ги гра­до­ви и тие жи­те­ли ни­ко­гаш та­му не го­во­ре­ле скоп­ски, но се тру­де­ле да го сов­ла­да­ат скоп­ски­от ја­зик. За­тоа и во прет­ста­ва­та не пре­ов­ла­ду­ва скоп­ски­от ја­зик. Де­нес мно­гу лу­ѓе жи­ве­ат во Скоп­је и се за­гу­би ду­хот на гра­дот што по­сто­ел по­ра­но. Ка­ко ќе за­вр­ши тоа, оста­ну­ва да ви­ди­ме. Би­деј­ќи ду­хот на еден град го пра­ват лу­ѓе­то што жи­ве­ат во не­го и нив­ни­те на­ви­ки.

На­ши­от пи­са­тел Вен­ко Ан­до­нов­ски ве­ли де­ка сре­ќа­та е вер­на чо­ве­ко­ва сен­ка и до­кол­ку не ја бр­ка­те, ќе би­де ту­ка до Вас. Се сог­ла­су­ва­те ли со ова твр­де­ње?

СТОЈАНОВСКА: Сре­ќа­та не до­а­ѓа са­ма. Тре­ба да ѝ по­мог­неш да дој­де. Да, ми се до­па­ѓа­ат збо­ро­ви­те на Ан­до­нов­ски и мо­же да ка­жам де­ка се сог­ла­су­вам со не­го. Ако сме отво­ре­ни за но­ви ра­бо­ти, ако сме ре­ши­ле да ни се слу­чу­ва­ат уба­ви не­шта, то­гаш мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка и ра­бо­ти­те ќе ги прид­ви­жи­ме во тој пра­вец. Сре­ќа­та е чо­веч­ка ка­те­го­ри­ја кон ко­ја си­те теж­не­е­ме.

CIJA SI PRINT

Што про­нај­до­вте но­во во чи­та­ње­то на оваа „Чи­ја си“? Са­шко На­сев из­ја­ви де­ка оваа прет­ста­ва на еден на­чин го од­бе­ле­жи­ла не­го­во­то тво­реш­тво. Да­ли е тоа слу­чај и со Ва­ша­та ка­ри­е­ра?

СТОЈАНОВСКА: Не, не мо­жам да ка­жам де­ка оваа прет­ста­ва ми ја од­бе­ле­жи­ла ка­ри­е­ра­та или ми го тра­си­ра­ла па­тот по­на­та­му во актер­ски­те во­ди. Имам оди­гра­но мно­гу уло­ги во жи­во­тот и оваа е ед­на од нив. А за но­во­то во „Чи­ја си“, би го ци­ти­ра­ла Љуп­чо Ѓор­ѓи­ев­ски – са­мо да се са­ка­ме по­ве­ќе! Си­те сме по­во­зрас­ни за 23 го­ди­ни, со по­го­ле­мо жи­вот­но и актер­ско искус­тво, та­ка што, се­ка­ко де­ка има но­во, под­ла­бо­ко, по­зре­ло во оваа из­вед­ба.

Гле­да­те ли и де­нес страст за жи­вот кај лу­ѓе­то? Има ли во ова вре­ме, ко­га жи­во­тот ни ста­ну­ва по­и­на­ков, страст да се сла­ви жи­во­тот?

СТОЈАНОВСКА: За жал, не гле­дам не­ко­ја страст кон жи­во­тот де­нес. Мо­же­би по­ра­но во не­кое дру­го вре­ме, ко­га лу­ѓе­то по­и­на­ку гле­даа на жи­во­тот, беа по­среќ­ни. Де­нес, во ова вре­ме не­ка­ко сѐ е по­и­на­ку и вла­де­ат дру­ги кри­те­ри­у­ми за убав и ис­пол­нет жи­вот.

Ве вра­ти ли оваа прет­ста­ва на уба­ви­те вре­ми­ња на Драм­ски, ко­га по­сто­ја­но има­ше пуб­ли­ка на прет­ста­ви­те и ко­га се ба­ра­ше би­лет по­ве­ќе?

Silvija stojanovska (3)

СТОЈАНОВСКА: Јас ја имав таа сре­ќа да би­дам дел од еки­па­та на Драм­ски те­а­тар во не­го­ва­та злат­на до­ба, ко­га не са­мо што се ба­ра­ше би­лет по­ве­ќе, ту­ку има­ше и пре­про­да­ва­чи на кар­ти. Нор­мал­но бе­ше во ки­на­та, на вре­ме­то, да има пре­про­да­ва­чи, но во те­а­тар, бе­ше мал­ку чуд­но. Тоа беа уба­ви вре­ми­ња, ис­пол­не­ти… Са­ли­те беа пол­ни, ни­ко­гаш не сме игра­ле пред мал­ку пуб­ли­ка, има­ше мно­гу пре­ми­е­ри, си­те беа среќ­ни и ис­пол­не­ти. Тоа беа уба­ви вре­ми­ња и се на­де­вам де­ка ќе се вра­тат. За сре­ќа, Драм­ски те­а­тар ни­ко­гаш не­мал проб­лем со по­се­те­ност на прет­ста­ви­те.

Што е тоа што Вам Ви не­до­сти­га во Скоп­је де­нес?

СТОЈАНОВСКА: Среќ­ни лу­ѓе. Лу­ѓе со дух, лу­ѓе што се сме­ат, кои ужи­ва­ат во жи­во­тот. Ми не­до­сти­га­ат нас­ме­а­ни ли­ца. Јас не из­ле­гу­вам мно­гу, мо­ра да приз­на­ам, не се дру­жам мно­гу, но ко­га и да из­ле­зам по ули­ци­те на мо­јот град тоа што ми не­до­сти­га е нас­ме­вка на ли­ца­та. Мно­гу­ми­на си за­ми­наа од др­жа­ва­та и тоа е тоа што не ме пра­ви среќ­на, да би­дам искре­на. Во по­тра­га по по­до­бар жи­вот, по по­до­бра ег­зи­стен­ци­ја, се раз­би­ра, лу­ѓе­то за­ми­ну­ва­ат. Ако са­ка­ат да има­ат нор­ма­лен жи­вот, да фор­ми­ра­ат се­мејс­тво, да има­ат де­ца и да им овоз­мо­жат жи­вот ка­ков што зас­лу­жу­ва­ат, а не мо­жат да обез­бе­дат ус­ло­ви ов­де, то­гаш тие из­ле­зот го ба­ра­ат над­вор.

Ка­ко е да рас­теш ка­ко ќер­ка на Ацо Јо­ва­нов­ски и по­доц­на да би­деш и со­пру­га на Не­над Сто­ја­нов­ски, кој за жал, пре­ра­но по­чи­на? 

СТОЈАНОВСКА: Јас одам­на го над­ми­нав тоа – ќер­ка на Ацо Јо­ва­нов­ски, со­пру­га на Не­над Сто­ја­нов­ски. Јас та­тко ми го гле­дав ед­наш не­дел­но од мо­ја­та ос­ма го­ди­на, отко­га мо­и­те ро­ди­те­ли се раз­ве­доа, и ужи­вав во се­кој мо­мент по­ми­нат со не­го. По­рас­нав во те­а­та­рот, ги зна­ев си­те прет­ста­ви на­и­зуст, ги за­са­кав лу­ѓе­то во Драм­ски, ми­ри­сот на те­а­та­рот и, ло­гич­но, ре­шив мо­јот про­фе­си­о­на­лен жи­вот да го по­ми­нам та­му. Со Не­над се срет­нав­ме во Драм­ски, се ро­ди сим­па­ти­ја, љу­бов, страст, про­дол­жи со брак, во кој се ро­ди­ја две пре­крас­ни ќер­ки, Ја­на и Ана. На­ши­те па­ти­шта се­ка­ко ќе се вкр­стеа еден ден и та­ка се слу­чи. Ни­кој не тре­ба да бе­га од сво­и­те ко­ре­ни, тра­ди­ци­ја­та е иск­лу­чи­тел­но важ­на ра­бо­та. Jас сум гор­да на сво­јот та­тко, гор­да на Не­над, кој, за жал, по­чи­на пре­ра­но. Ве­ру­вам де­ка де­нес се ќе бе­ше по­и­на­ку ако тој бе­ше жив.

 

разговараше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top