| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович заврши во болница

Украинскиот претседател Виктор Јанукович е примен во болница со висока температура, но ја продолжува работата, соопшти
пратеничката од владејачката Партија на регионите Ана Герман.

Тој бил хоспитализиран Јанукович синоќа со висока температура. Кога бил повикан за итните кризни разговори во Парламентот, тој дошол, по што се вратил во болница, каде што се наоѓа и во моментот.

Во меѓувреме, државниот секретар на САД Џон Кери одржал видео конференција со украинската опозиција, изјави портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки. Кери го поздрави напредокот во преговорите во Украина меѓу власта и опозицијата и
поконкретно од укинувањето на законите што забрануваат протести и оставката на Владата.

Државниот секретар на САД разговарал со шестмина лидери на украинската опозиција, истакна Псаки, но не прецизираше со кои точно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top