Македонската пејачка Каролина Гочева ја прими наградата „Бисер на Мудроста”, од страна на претседателот на Хрватска д-р Иво Јосиповиќ, поради своето активно учество во хуманитарниот проект „Мојот живот е моја песна”, по иницијатива на Европската Асоцијација за борба против ракот, информираат од нејзината продукциска куќа „Авалон“.
Хуманитарната акција „Мојот живот е моја песна”, беше организирана со цел да помогне на сите жени во борбата против ракот на матката на просторите на екс Југославија, а покрај Каролина во проектот учествуваа и Маја Сар од Босна и Херцеговина, Нина Бадриќ од Хрватска и Александра Радовиќ од Србија, кои исто така беа наградени.
Претходно денеска беше објавено и дека нејзиниот прв, од петте концерти за промоција на новиот албум „Македонско девојче 2“, е распродаден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


