Фото: Фризерката Незрина Чели и професорката Наташа Пртинаќ
Полицијата се сомнева дека професорката ја подведувала девојката и на нејзините пријателки, пренесува „Блиц“.
Во полициската акција беше уапсена и пријателката на Пртинаќ, поранешната фризерка Незрина Чели ( 34 ) под сомнение дека од 2011 – 2013 година доведувала малолетници во заблуда, а потоа ги подведувала.
Овој голем скандал во Нови Пазар беше откриен пред неколку дена, кога Т.П. , која веќе завршила средно училиште, му се пожалила на нејзиниот татко дека поранешната професорка ја малтретира и уценува, по што родителот го пријавил случајот во полиција.
Било утврдено дека професорката и ученичката биле во врска од 2009 година, кога Т.П. била втора година средно.
– Се започна со краток бакнеж на устата, во студиото на професорката. Следните месеци тие почнале да одат уште подалеку – соопштила полицијата, додавајќи дека нивната врска траела четири години до 2013 година.
Девојката во полиција изјавила дека професорката ја подведувала и на нејзините пријателки – лезбејки. Тие, исто така, започнале да ја уценуваат со испраќање на пораки и да ѝ се закануваат дека ќе објават разголени фотографии од неа.
– Проблемот се појавил кога девојката сакала да се дистанцира од професорката. Пртинаќ дознала дека Т.П. има момче, па почнала да ја убедува да раскине со него – вели извор за „Блиц“.
Додека трае истрагата, професорката е суспендрана.
Во Нови Пазар, место кое важи за патријархалната средина, Пртинаќ секогаш зборувала дека меѓу неа и девојчето има нешто повеќе од пријателски однос, бидејќи Т.П. била осамено дете и таа ѝ пружала мајчинска поддршка.
Уапсената професорка по уметност во Нови Пазар се преселила пред 15 години, кога се омажила за познат локален сликар со кого има ќерка и син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.