| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка од Нови Пазар во врска со ученичка – ѝ ја „местела“ и на пријателките лезбејки

Наташа Пртинаќ (40), професор по ликовна уметност во средно училиште во Нови Пазар, Србија, беше уапсена за сексуално искористување на нејзината ученичка, средношколката Т.П.

Фото: Фризерката Незрина Чели и професорката Наташа Пртинаќ

Полицијата се сомнева дека професорката ја подведувала девојката и на нејзините пријателки, пренесува „Блиц“.

Во полициската акција беше уапсена и пријателката на Пртинаќ, поранешната фризерка Незрина Чели ( 34 ) под сомнение дека од 2011 – 2013 година доведувала малолетници во заблуда, а потоа ги подведувала.

Овој голем скандал во Нови Пазар беше откриен пред неколку дена, кога Т.П. , која веќе завршила средно училиште, му се пожалила на нејзиниот татко дека поранешната професорка ја малтретира и уценува, по што родителот го пријавил случајот во полиција.

Било утврдено дека професорката и ученичката биле во врска од 2009 година, кога Т.П. била втора година средно.

Се започна со краток бакнеж на устата, во студиото на професорката. Следните месеци тие почнале да одат уште подалеку – соопштила полицијата, додавајќи дека нивната врска траела четири години до 2013 година.

Девојката во полиција изјавила дека професорката ја подведувала и на нејзините пријателки – лезбејки. Тие, исто така, започнале да ја уценуваат со испраќање на пораки и да ѝ се закануваат дека ќе објават разголени фотографии од неа.

Проблемот се појавил кога девојката сакала да се дистанцира од професорката. Пртинаќ дознала дека Т.П. има момче, па почнала да ја убедува да раскине со него – вели извор за „Блиц“.

Додека трае истрагата, професорката е суспендрана.

Во Нови Пазар, место кое важи за патријархалната средина, Пртинаќ секогаш зборувала дека меѓу неа и девојчето има нешто повеќе од пријателски однос, бидејќи Т.П. била осамено дете и таа ѝ пружала мајчинска поддршка.

Уапсената професорка по уметност во Нови Пазар се преселила пред 15 години, кога се омажила за познат локален сликар со кого има ќерка и син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top