Поранешниот супермодел, манекенка и актерка Кристи Бринкли, го прослави 60. роденден како што секоја жена би посакала – со насловна страница на еден од најчитаните магазини во светот „Пипл“.
– Никогаш не замислував дека вака ќе го прославам мојот 60. роденден, но му заблагодарувам на магазинот „Пипл“ што, се надевам, ја пренесе пораката дека со вистинската диета, вежбање и уживање во животот, секој роденден е причина за голема прослава – напиша Бринкли на „Инстаграм“ на фотографијата на која позира во костим за капење.
Нејзината одлична фигура и повеќе од добро држење за нејзините години, не престануваат да ја воодушевуваат и зачудуваат јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


